Фудбал
„Никогаш не би го менувал животот за тој на Нејмар“
Џон Гвидети е шведски напаѓач кој важеше за одличен талент, но неговата кариера не одеше во посакуваната насока до крајот.
Точно, играчот на шведската репрезентација беше и во Манчестер Сити, иако без ниту еден настап за сениорите, па играше на позајмица во клубови како Барнли, Феенорд, Стоук и Селтик, беше во Селта веќе три сезони, а сега е во Алавес.
Не е кариера од која некој треба да се срами, но кога се знае дека играше на 16-годишна возраст во шведската Премиер лига, а после тоа беше одведен во Манчестер како голем талент, па го освои Европското првенство за играчи до 21 година во Чешка во 2015 година, тогаш е јасно дека навистина може да се направи повеќе од ова.
Но, ако го прашате Гвидети, тој е среќен со неговиот живот и вели дека не би се сменил ниту со Нејмар.
„Јас не би го менувал животот со никого. Дури и да ми кажевте дека сега би можел да се менувам со Нејмар, кој е на иста возраст како мене и игра во ПСЖ, не би се согласил. Зошто? Бидејќи имам најдобри пријатели и најубаво семејство, најубави деца, најубава жена, најубав живот. Го сакам мојот живот, сè во него и не би сакал да го заменам со некој друг“, рече шведскиот напаѓач.
Се шпекулираше дека наскоро ќе се врати во Шведска, но 28-годишникот нема таков план.
„Јас би играл со страст во шведската лига, но сè уште не е време да заминам од странство и да се вратам дома“, рече тој.
Тој беше позајмен на Хановер на почетокот на годината и на 14 одиграни натпревари во втората лига на Германија постигна вкупно три гола, но се врати во Алавес и бара клуб каде ќе игра редовно.