Connect with us

Фудбал

Никогаш не вели никогаш: Барселона мора да го продаде својот миленик?!

Шпанскиот фудбалер Серхи Роберто би можел да ја напушти Барселона во текот на летниот преоден рок, секако доколку дојде добра понуда, а тоа е не помалку од 65 милиони евра, сума која ја одбиле минатото лето, пишува „Марка“.

-Иако на Серхио никој во клубот не му рекол дека е на продажба, сепак мислењето на челниците на клубот е променето во однос на минатата година, се вели во текстот на „Марка“.

Причината поради која Барселона размислува за продажба на еден од своите најдобри и омилени фудбалери, е пандемијата со коронавирусот и финансискиот удар кој им го нанесува.