Connect with us

Фудбал

Никој не ги промовираше дресовите како Реал Мадрид (ФОТО)

Реал Мадрид ги изненади сите оваа сезона со одлични игри, а кралскиот клуб веќе ја обезбеди титулата шампион на Шпанија и ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите.

Кралевите беа речиси отпишани пред почетокот на сезоната кога е во прашање Лигата на шампионите, но на маестрален начин стигнаа до финалето каде на 28 мај во Париз ќе играат против Ливерпул. Јасно е дека сите мисли се насочени кон финалето на Лигата на шампионите, но Реал Мадрид веќе размислува за нова сезона.

Имено, Реал Мадрид денеска и официјално го претстави домашниот комплет дресови за новата сезона.

Адидас уште еднаш заврши одлична работа, а дресовите и фонтот на буквите и бројките неодоливо потсетуваат на оние од сезоната 2001/02. Тој дизајн беше инспирација и за овие дресови, а Реал навистина ги претстави на џентлменски начин.

Белата боја отсекогаш била „џентлменска“ и Реал се трудел на ваков начин да ги претстави своите нови дресови. Заедно со актуелните играчи на клубот, Карим Бензема и Давид Алаба, на фотографијата се и легендите од таа генерација, а тоа се Раул, Икер Касиљас и Роберто Карлос.

Овој дизајн ги враќа навивачите на Реал назад во времето и особено во финалето на Лигата на шампионите во 2002 година кога Реал го победи Баер Леверкузен со 2-1 со еден од најубавите голови што некогаш сме ги виделе, а секако го постигна Зинедин Зидан.