Други спортови
Никој не ги сака Олимписките игри: Само Милано и Стокхолм ги поднесоа своите апликации за игрите во 2026 година
Италијанскиот град Милано и шведската престолнина Стокхолм ги доставија своите апликации за организација на Олимписките игри во 2026 година.
Претендентите своите кандидатури ги официјализираа на состанокот на Интернационалниот олимписки комитет во Токио.
Домаќинот ќе биде избран во јуни следната година во Лозана.
За потсетување, првично имаше многу повеќе апликанти, но канадски Калгари, швајцарски Сион и австриски Грац не добија поддршка во нивните земји, а организацискиот комитет на јапонски Сапоро одлучи да се фокусира на кандидатурата за 2030 година.