Connect with us

Фудбал

Никој не гледаше во теренот: Ирански ракети прелетаа над стадион каде се играше Лига на шампиони (ФОТО)

Иран во вторникот вечерта истрела повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, а некои од нив за момент го одвлекуваа вниманието на навивачите на стадионот во Исфахан од натпреварот од азиската Лига на шампиони. Екипите на ирански Сепахан и таџикистански Истиклол од Душанбе го одиграа својот натпревар од 2. коло од новата сезона на Лигата на шампионите, а домашните победија со убедливи 4:0.