Connect with us

Фудбал

Никој не го понижи Манчестер Јунајтед како клупската легенда

Манчестер Јунајтед вчера доживеа нов срам.

„Црвените ѓаволи“ беа декласирани во Брентфорд со 4:0 и уште еднаш ги разочараа своите навивачи кои се навистина огромни по број ширум светот.

Натпреварот на „Комјунити“ стадионот беше завршен по 35 минути. Катастрофалните реакции на фудбалерите на Јунајтед доведоа до четири гола во мрежата на овој клуб и немаше враќање.

Никој не ги понижи играчите по овој натпревар како клупската легенда Гери Невил. Ги спореди со петли.

„Овие играчи под водство на тројца различни менаџери покажаа дека не прават доволно. Никој од нив нема доверба и им треба помош“, ја започна приказната Гери Невил и продолжи:

„Бев тренер на тим кој се бореше за опстанок и знам дека е потребно нешто за да ги подигнеме. Тоа што го покажаа денес е ново ниско ниво. Се чини дека овие играчи можат да одат уште подолу. Реалноста е дека ова е многу, многу лошо“.

„Ерик тен Хег избра малку понизок состав бидејќи мислеше дека на тој начин ќе го надигра Брентфорд. Сепак, тие изгледаа како петли против возрасните. Брентфорд го демолираше Манчестер Јунајтед и секоја чест на Томас Френк“.

Навивачите на Јунајтед бараат заминување на семејството Глејзер од раководството на клубот. Ниту Невил не би имал ништо против.

Извонредно достигнување е да се потрошат милијарда фунти и да се биде толку лош“, иронично заклучи поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

Гигантот од „Олд Трафорд“ е на дното на Премиер лигата. Тој по две кола е без бодови со гол разлика 1-6.