Connect with us

Фудбал

Никој не го сака Озил, причината е едноставна и јасна

Поранешниот член и легенда на Арсенал, Пол Мерсон, кој ги бранеше боите на овој клуб од 1985 до 1997-ма година, играше како крилен напаѓач и постигна 78 голови, даде интересна „дијагноза“ за „Топџиите“.

Како што вели тој на сегашниот состав на Микел Артета му се потребни промени. Поточно, неколкумина фудбалери би требало да заминат, а други да дојдат.

Сепак, како што вели тој, за еден фудбалер е сигурен дека нема да замине, а тоа е Месут Озил. Мерсон ја откри и причината. Како што вели тој, никој не го сака бидејќи има неделна плата од 350 илјади фунти, што за ваков фудбалер  е премногу, вели Мерсон.