Фудбал
Никола Калиниќ се врати во Италија
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Никола Калиниќ се враќа во Италија.
Поранешниот напаѓач на Фиорентина, Милан и Рома претпладнево беше подложен на лекарски прегледи во Верона, а потоа потпиша договор со тој клуб.
Тој доаѓа во Верона убеден дека ќе добие поголема минутажа, а тоа му треба ако сепак сака да биде дел од хрватската фудбалска репрезентација.
Во Верона го чека хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој исто како Калиниќ, своевремено играше за Хајдук од Сплит.