Connect with us

Фудбал

Никому не му беше јасно зошто Лунин не е дел од Реал Мадрид, а потоа Украинецот објасни се

Украинскиот голман Андриј Лунин денеска нема да биде во конкуренција за натпреварот на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано.

Кралскиот клуб гостува кај градскиот ривал во 26. коло од шпанската Ла Лига, а натпреварот се игра на Ваљекас од 18:30 часот.

Карло Анчелоти го објави составот на играчите кои конкурираат за овој меч, а многумина видоа дека го нема Лунин, кој е резервен голман во Реал Мадрид.

23-годишниот фудбалер нема никакви проблеми со повредите и на многумина прво не им беше јасно зошто го нема во составот, но набрзо потоа стигна објаснување од Шпанија.

Имено, Лунин побарал од клубот да не биде во конкуренција за натпреварот денеска бидејќи бил ангажиран за да испрати хуманитарна помош за своите луѓе во Украина, кои веќе трет ден се борат против Русија.

Лунин ги замоли Шпанците да помогнат преку хуманитарен број или да купат работи што би можеле да бидат корисни. Меѓу другото, тој изјави дека би било добро да се собере што повеќе облека, медицинска помош, завои, конзервирана храна …

Украинецот побарал од челниците на клубот да му излезат во пресрет бидејќи во моментов не е многу фокусиран на фудбалот, а многу е загрижен за членовите на семејството кои останале во Украина да ја бранат својата татковина.