Connect with us

Фудбал

Ништо ново на Олд Трафорд, Њукасл непрепознатлив

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите верни навивачи на Олд Трафорд.

Екипата на Јунајтед ја имаше улогата на фаворит во дуелот со Ватфорд, се веруваше дека ќе оствари нова победа, но веќе навикнавме дека избраниците на Ралф Рангник не изненадуваат, главно негативно.

Денеска се создадоа многу шанси, особено во првото полувреме, но Ватфорд издржа и освои голем бод во борбата за опстанок, додека Јунајтед загуби значајни два бода во борбата за Лигата на шампионите.

Чудо е што Кристијано Роналдо и соиграчите не успеаја да победат, но шансите што ги создадоа денеска беа недоволни за да се дојде до победа.

Њукасл во последно време игра непрепознатливо, откако новите сопственици вложија десетици милиони евра и го засилија тимот за да го спасат од испаѓање. „Страчките“ се во одлична форма, а денеска славеа на гостувањето кај Брентфорд со 2:0 со головите на Џоелингтон во 33. минута и Вилок во 44. минута.

Натпреварот ќе остане запаметен и по тоа што данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој потпиша за Брентфорд, настапи за прв пат по несреќата. Тој на теренот влезе во 52. минута.

Њукасл стигна до 14. место со 25 бодови и има одлична резултатска серија, а во следното коло му гостува на Брајтон.

Од 16 часот се одигра уште еден дуел меѓу Кристал Палас и Барнли (1:1). Шлуп во деветтата му носи предност на домаќинот, а Лука Миливојевиќ несреќно си постигна автогол на отворањето на вториот дел за, како што се испостави тоа беа конечните 1:1.

Од 18:30 часот на програмата е дуелот Евертон – Манчестер Сити, додека претходно Тотенхем како гостин го совлада Лидс со 4:0. Во тек е натпреварот помеѓу Брајтон и Астон Вила.