Connect with us

Фудбал

Ништо од Јуве и Интер, Ракитиќ заминува во друг тим, кој гради екипа за скудето?!

Интер, Јувентус, па повторно Интер, па се спомнуваше повторно „Старата дама“. Сепак, во изминатите денови нова информација, која е изненадување. Во трката за потписот на Иван Ракитиќ се вклучува Лацио.

Тренерот Симоне Инзаги сака во средниот ред Ракитиќ да го спои со Сергеј Милинковиќ Савиќ. Со оглед на тоа дека Чиро Имобиле најверојатно ќе замине во Наполи, се појавија вести дека нов напаѓач на „Римјаните“ ќе биде Луис Суарез, кој секако ќе замине од Барселона, која е на чекор до договор со Интер за Лаутаро Мартинез.

Лацио сезонава забележа одлични резултати. Има само еден бод помалку од Јувентус на табелата пред рестартот на сезоната. Со Иван Ракитиќ, Луис Суарез, секако уште две до три одлични засилувања, следната сезона и тоа како ќе биде конкурентен за титулата.