Connect with us

Фудбал

Ништо од Ливерпул, Фекир се сели во Лондон?

Трансферот на сјајниот крилен фудбалер, Набил Фекир од Лион во Ливепрул беше договорен на почетокот на јуни, но сепак се „закочи“ на медицинските прегледи.

Фекир на втор пат ги помина лекарските прегледи, но Ливерпул одлучи да ја намали цената. Цената не беше намалена а трансферот пропадна.

Се шпекулираше дека Фекир сепак може да заврши во Ливерпул, се појавија информации дека и Манчестер Сите е заинтересиран за него, но сега „Франс фудбал“ пишува дека Челси е во напредна фаза на преговори со Лион и одличниот француски репрезентативец.

Наводно, новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, покажал интерес за Фекир, па „сините“ сега сакаат да му ја исполнат желбата на Италијанецот, но ќе мора да побрзаат бидејќи преодниот рок во Англија завршува на деветти август.