Connect with us

Фудбал

Ништо од Ливерпул, Тијаго на крајот ќе замине во ПСЖ?

Тијаго Алкантара летово беше желба на Ливерпул и на менаџерот Јирген Клоп, но клубот не сакаше да ја плати сумата што Баерн ја бараше за нивниот играч од средниот ред.

Тијаго има договор со „Баварците“ до летото следната година и клубот реши да го продаде сега за да ја избегне можноста тој да го напушти Минхен бесплатно.

Самиот Тијаго изрази желба за промена и во договор со Баерн беше решено да го напушти германскиот шампион пред почетокот на сезоната 2020/21. Алкантара се поврзуваше со Ливерпул, но англиските шампиони не сакаа да платат 30 милиони евра.

„Црвените“ понудија максимум 25 милиони, а минхенските медиуми тврдат дека ПСЖ сега ја презема лидерската позиција во трката да го донесе, па затоа се подготвени да ги дадат бараните 30 милиони на Баерн.

29-годишниот играч од средниот ред дојде во Баерн летото 2013 година од Барселона, а оваа сезона има постигнато вкупно три гола на сите натпревари. Играше вкупно на 36 натпревари.