Connect with us

Фудбал

Ништо од враќањето на терен – УЕФА ја продолжи суспензијата на Насри

Францускиот фудбалер Самир Насри ги дозна новите лоши вести.

Откако УЕФА во февруари му изрече суспензија од пола година, сега таа е продолжена до месец јануари.

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Манчестер Сити виновен е поради тоа што во 2016. година кога настапуваше за Севиља, посетуваше третмани во една клиника во Лос Анџелес, каде во организамот му беа вбризгувани имунолошки средства и тоа под изговор дека дехидрирал.

Иако се очекуваше овај 31-годиен фудбалер наскоро повторно ќе се врати на теренот, сепак ќе мора да почека уште неколку месеци.

Последен клуб засега му беше Анталијаспор со кој го раскинал договорот во текот на зимската пауза.

Покрај Арсенал и Манчестер Сити, настапуваше и за Марсеј и Севиља.