Фудбал
Ништо од враќањето во Барселона, Лионел Меси најблиску до Интер?!
Раководството на фудбалскиот клуб Интер Мајами е убедено дека Лионел Меси ќе стане нивен нов играч следното лето, пишува „Атлетик“.
Иако се шпекулира за негово можно враќање во Барселона, па дури и за останување во Пари Сен Жермен, кој му подготвува богат договор, Лионел Меси моментално е најблиску до заминување во МЛС лигата, односно во Интер Мајами.
Имено, „Атлетик“ пишува дека челниците на клубот од Мајами добро „нагазиле“ во приказната околу доаѓањето на Меси и дека се би можело да се официјализира по Мундијалот!
Сопствениците Дејвид Бекам и Хорхе и Хозе Мас лично преговараат со неговите претставници со надеж дека тој ќе стане нов фудбалер на клубот од Флорида следното лето.
Тој следното лето му истекува договорот со Пари Сен Жермен, ќе биде слободен играч и без сомнение ќе добие ненормална плата и ќе потпише пари.