Connect with us

Фудбал

Ништо од заминувањето: Пјаниќ ќе потпише нов договор со Јувентус

Миралем Пјаниќ на крајот сепак останува член на Јувентус, и покрај интересот на другите клубов за него.

Италијанските медиуми од почетокот на преодниот рок пишуваа дека Пјаниќ би можел да замини од Јувентус, а за неговиот потпис највеќе биле заинтересирани Барселона, Челси и Манчестер Сити

Сепак, денеска „Corriere dello Sport“ пренесува дека од трансфер нема да има ништо затоа што никој од наведените клубови не сака да понуди 100 милиони евра колку што бара Јуве, а покрај тоа, желбата на Пјаниќ е да остане во Јувентус.

Истиот извор пренесува дека Јуве по завршувањето на преодниот рок ќе му понуди на Пјаниќ нов договор кој би требало да го задржи во Јуве до 2022. година, а би требало да заработува околу седум милиони евра, наместо досегашните пет.

Пјаниќ моментално е на припреми со Јувентус во САД.

„Немам што да кажам за трансферот, секогаш постојат такви гласини, а јас сум само сконцентриран на тренингот за да можам да станам што подобар. Останатото не зависи од мене“ кажа Пјаничќ