Connect with us

Фудбал

Ниту тие веќе не можат да молчат: „Најлоши во историјата на Премиер лигата“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа доживеаја нов срам во најголемото дерби во Англија.

По победата од 0:5 во октомври на „Олд Трафорд“, „црвените“ оваа сезона уште еднаш ги демолираа „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, а на „Енфилд“ беа 4:0.

Луис Дијаз го доведе Ливерпул во водство во петтата минута, а вториот гол во мрежата на гостите во 22. – Салах го постигна по магичната асистенција на Мане, кој самиот погоди во 64. минута. На пет минути до крајот новиот гол на Салах, втор синоќешен, а петти оваа сезона во двата меча против Јунајтед.

Англиските медиуми, по уште една бламажа, повеќе немаа милост кон тимот предводен од Ралф Рангник.

Тимот на Јирген Клоп, инспириран од брилијантниот Тиаго Алкантара, направи уште еден чекор кон обезбедување на најуспешната сезона во историјата на клубот. За разлика од тоа, слабиот и хаотичен тим на Јунајтед покажа точно зошто ја игра својата најлоша сезона од 1980-тите.

„Гардијан“ напиша дека гостите морале многу брзо да заборават на поволниот резултат.

„Јунајтед беше во хаос, особено во првото полувреме. Нивниот пораз беше неизбежен бидејќи Луис Дијаз го доведе Ливерпул во водство. Тие паднаа на колена кога Мохамед Салах налета на додавањето на Диого Жота и го постигна четвртиот гол“.

Индипендент пишува дека тоа беше срамна игра за Јунајтед. Новинарите велат дека Манчестер Јунајтед не може да го спречи Ливерпул да ја освои 20-та титула или тројната круна. Тие исто така ја истакнаа важноста на Салах, Мане и Дијаз за играта на Ливерпул.

„Ова е најлошиот тим на Јунајтед во историјата на Премиер лигата и целосно заслужува навивачите да скандираат дека не се способни да го носат дресот на Јунајтед. Овој пораз е најдобар пример за тоа“, напиша „Манчестер Ивнинг њуз“.