Connect with us

Фудбал

Норвешки „бејби-бум“, Халанд, Одегард и…Тјаланд

Ерлинг Халанд (19) е фудбалер кој ја крена Европа на нозе. Сите зборуваат за него и неговите голови во дресот на Борусија Дортмунд, но и во дресот на Салцбург пред тоа.

Норвешка не мора да се грижи за иднината. Го имаат Халанд, но го имаат и Мартин Одегард (21), кој е член на Реал Мадрид, а игра како позајмен во Реал Сосиедад.

Сега се појави уште едно име. 16-годишниот роднина на Ерлинг Халанд, Алберт Браут Тјаланд (16). Тој игра за Брун, тим во кој поникна и Халанд, а на 22 мечеви постигнал 30 голови за јуниорскиот тим. Норвешка има супер генерација.