Connect with us

Фудбал

„Ноу Камп“ веќе никогаш нема да биде истиот

Навивачите не се среќни поради одлуката на клубот, но во Барселона мораат да мислат и на сопствената иднина.

Барселона неодамна одлучи по прв пат во историјата на дресот да стави спонзор и така излезе од „книгата на бесмртните“, а новитетот на стадионот исто така ги разочара вистинските љубители на Барса.

Како што пренесува „Марка“, Барса сака да го продаде правото на името на стадионот „Ноу Камп“ од сезоната 2019/20, а тоа би и донело дополнителни 300 милиони евра заработка.

Моментално се во преговори со неколку американски компании кои би сакаме нивното име да стои на клупскиот стадион.

Многу големи клубови се одлучиа на истиот потег, а сето тоа, се разбира, за да заработат дополнителни парични средства.