Connect with us

Фудбал

Нов болид во редовите на Формула 1 – Подготвена да дебитира машината „Made in Spain“

Во 2021 година, кога новите правила ќе стапат на сила во Формула 1, се очекува да дебитира нов тим. Станува збор за „Team Campos“, со болид кој целосно е произведен во Шпанија. Проект го започнаа Адријан Кампос и Салваторе Гандолфо, додека главен пилот се очекува да биде Германецот Паскал Верлеин заедно со Алекс Палу.

Вклучени во овој проект се и некои искусни светски ликови од Формула 1 како Питер МекКул, кој се очекува да биде спортски директор и Бен Вуд одговорен за аеродинамика. Овој болид во моментов се вози во Формула 2 и 3, но тимот сака да се прошири и во Формула 1.