Connect with us

Фудбал

Нов датум за дуелот Јувентус – Интер, Дербито на Италија, без „сведоци“

Италијанската Серие А во договор со двата клуба повторно донесе одлука за нов датум за одигрување на Дербито на Италија. Прво беше одложен за 13 мај, па потоа сменета одлуката да се игра на 9-ти мај, но најновите информации, нешто што е потврдено, е дека Јувентус и Интер ќе го одиграат дербито во недела со почеток во 20:45 часот.

Одлуката вели дека мечот ќе се игра пред празни трибини, односно без навивачи. До крајот на месецот во Италија поради коронавирус, сите мечеви ќе се играат без присуство на публика.