Connect with us

Фудбал

Нов ден, ново сценарио!

Хорхе Меси и Хозеп Марија Бартомеу вчера не успеаја да постигнат никаков договор за можно заминување на Лионел Меси од Барселона.

На состанокот кој сите долго го чекаа, не се дозна ништо ново. Ставовите на обете страни останаа исти, семејството Меси сака Лео да го напушти клубот, додека Барселона верува дека тој е под договор и може да оди само ако некој плати 700 милиони евра за него.

Аргентинскиот „TyC Sports“ донесе интересни информации по состанокот. Тие пишуваат дека по разговорите е сигурно дека Меси ќе остане член на Барселона, но и дека ќе замине летото 2021 година како слободен агент.

На тој начин Каталонците ќе останат без никакво обештетување. Според договорот, Меси има опција да го извести клубот пред крајот на сезоната дека сака да замине, што го стори и оваа година, но клубот не ги признава неговите документи, со оглед на тоа што рокот за објавување истече во мај.

Сепак, тие сега ќе бидат известени на време. Меси ќе одигра уште една сезона на Камп Ноу и потоа како слободен играч ќе замине каде што сака.

Ова секако е само едно сценарио и информација што ја има „TyC Sports“, но наводно и денес ќе има некои преговори по што ситуацијата би можела да биде многу појасна.