Connect with us

Фудбал

Нов договор и удвојување на плата, Интер нема да дозволи лесен трансфер во Барселона!

Еден од најважните играчи на Интер дефинитивно е Лаутаро Матинез. Аргентинецот покажа добра форма, што ги натера некои клубови да се заинтересираат за него.

На врвот на списокот е Барселона, која го смета како идеална замена за Луис Суарез, но се чини дека Интер нема намера да остане без Мартинез.

Според извори на „Калчомеркато“, челниците на Интер доставиле ново, подобрен договор до нивната ѕвезда, за која се очекува да добие двојно поголема од платата што во моментот ја добива. Со други зборови, од 1,5 милиони евра што во моментов ги добива, „Ел Торо“ ќе инкасира 3 милиони евра од новиот договор.

Најважната точка во новиот договор на Интер е отстранување на клаузулата од 111 милиони евра. Лаутаро повеќе нема да има клаузула за ослободување, што ќе го отежни планот на Барселона за негов трансфер. Така, Интер „вооружува“ еден од најважните играчи во тимот.