Connect with us

Фудбал

Нов договор за Инзаги и 6,5 милиони евра годишно, ако ја одбрани титулата има милионски бонус!

Симоне Инзаги ќе добива 6,5 милиони евра нето по сезона според неговиот нов договор како тренер на Интер, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Се очекува 48-годишниот стручњак да го потпише новиот договор со шампионот на Италија до крајот на сезоната 2025-2026.

Доколку Инзаги повторно ги одведе „нероазурите“ до титулата во Серија „А“, за него е предвиден специјален бонус од два милиони евра.

Актуелниот договор на Инзаги со Интер истекува во јуни 2025 година. Тој е на чело на италијанскиот клуб од сезоната 2021-2022.

Инзаги моментално потпишува едногодишно продолжување на договорот на крајот од секоја сезона во Серија „А“.