Connect with us

Фудбал

Нов играч на Камп Ноу: „Веќе потпиша“

Каталонскиот гигант Барселона во летниот преоден рок ќе добие уште неколку засилувања.

Веќе е познато дека дресот на тимот од Камп Ноу ќе го носи Франк Кесие кој од Милан пристигнува како слободен играч, а клубот се поврзува со многу други играчи.

Познатиот шпански новинар Хосеп Педрерол открива дека Барса веќе завршила уште еден потпис, но тој не можел да го открие името. Тој во својата емисија рече:

„Барселона потпиша договор со шпанскиот фудбалер, но се уште не можам да го кажам името“, истакна Педрерол.

Веднаш меѓу навивачите на Барселона почнаа шпекулации за дотичните фудбалери. Има многу играчи со кои се поврзува каталонскиот великан, меѓу нив Карлос Солер, Хозе Гаја, Алекс Грималдо, Дани Олмо, Фабијан Руиз и многу други.

Барселона во секој случај следната сезона ќе има неколку нови имиња во својот тим, а наскоро ќе видиме кој е Шпанецот со кој потпишаа.

Треба да се напомене и дека Педрерол најави дека на Камп Ноу би можел да отпатува и бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, кого Манчестер Сити е подготвен да го продаде на крајот од оваа сезона.