Connect with us

Ракомет

Нов клупски рекорд за Вардар и важна победа против Лазаров и Нант

Европскиот ракометен првак Вардар продолжува со победничката серија во лигата на шампионите и сезонава, откако на првиот домашен натпревар од група А триумфираше со 27-23 (14-10) против Нант. За Вардар ова е втор триумф сезонава, седми по ред во лигата на шампионите.

Новиот клупски рекорд во лигата на шампионите за Вардар е токму оваа седма победа по ред. На претходниот натпревар во Полска ја постигна шестата победа по ред што исто така беше рекордно, а сега само ја подигна летвичката за едно ниво погоре.

Резултатот покажува дека Вардар победи, но до двата бодови имаше голема борба, многу вложен труд и енергија. Кога беше најпотребно покажа дека има концентрација, сила, знаење и моќ од секоја ситуација да излезе како победниk.

Во следното коло Вардар го пречекува ППД Загреб во Скопје.