Connect with us

Фудбал

Нов потег за воодушевување на Роналдо, прифати намалување на плата да му помогне на Јувентус

Торинскиот „Тутоспорт“ објави дека португалскиот репрезентативец и член на Јувентус, Кристијано Роналдо се согласил да му ја намалат годишната плата од речиси четири милиони евра, поради кризата која е предизвикана поради коронавирусот.

Роналдо, кој неодамна со својот менаџер Жорге Мендеш донираше милион евра на болниците во Португалија за борба против Ковид-19, сега е подготвен да му се намали платата која годишно изнесува 31 милион евра.

Одлуката е донесена откако капитенот Џорџо Кјелини разговарал со членовите на екипата и тие се согласиле на овој начин да помогнат на тимот во кризата во оваа тешка ситуација.