Connect with us

Кошарка

Нов убедлив пораз на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА лигата откако вечерва во последниот дуел од 18.коло загубија од Мега Бемакс со убедливи 106:77 (30:16; 30:19; 21:24 и 25:18).

Лошата одбрана во првиот дел и примените 60 поени беа причина за 15.тиот пораз на „металците“ во АБА лигата со што шансите да го избегнат последното место ги сведоа на минимум. Најефикасен на натпреварот беше Влатко Чанчар од Мега со 22 поена, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Јуре Лалиќ со 14 поени.

МЗТ Скопје е последен на табелата со скор 3 победи и 15 порази, а пред него се наоѓаат:Мега Бемакс, Олимпија и Цибона со скор 6-12 (победи-порази).

Во следното коло во сабота „металците“ на домашен терен играат со Олимпија.