Connect with us

Фудбал

Нов удар за Симеоне и Атлетико Мадрид на крајот од сезоната

Ателтико се соочува со проблеми пред возбудливиот финиш на сезоната во шпанската Ла Лига.

По испаѓањето од Лигата на шампионите од Манчестер Сити, Атлетико ќе мора преку првенството да се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а таа борба ќе биде тешка бидејќи нема да може да смета на Жоао Феликс, пренесува „Марка“.

Португалецот се повреди на натпреварот против Еспањол, а по дополнителните прегледи вчера беше утврдено дека има пауза од најмалку два месеци, што значи дека оваа сезона за него е завршена, а тоа го потврди и самиот фудбалер.

Во Ла Лига до крај ќе ја гледаме големата битка за место во Лигата на шампионите.

Барселона, Севиља, Атлетико имаат 60 бодови, Бетис 57, Реал Сосиедад 55 бодови пред шест кола, а три клуба ќе изборат пласман во Лигата на шампионите заедно со Реал Мадрид, кој по триумфот во Севиља викендов лесно може да слави нова титула.

Да додадеме дека Атлетико во следното коло ќе ја пречека Гранада, а во тој меч Симеоне нема да може да смета на Кондогби кој доби црвен картон во последното коло против Еспањол во многу драматичен меч кој „јорганџиите“ го добија со 2:1 со гол на Караско во десеттата минута.