Фудбал
Нова „бомба“ од Загреб, по Канаваро доаѓа финалистот од ЛШ, платен 50 милиони евра?
Последните два дена во Динамо Загреб никој навистина не можеше да ги очекува, а по назначувањето на Фабио Канаваро на клупата на клубот сега на мета се фантастични засилувања.
Легендарниот италијански фудбалер и освојувач на Златната топка во 2006 година, Фабио Канаваро синоќа беше назначен за наследник на Ненад Бјелица на клупата на Динамо. Паралелно се работи и на засилувања, а клубот е заинтересиран за напаѓач од кого некогаш се плашеше цела Европа.
Според хрватски „Германијак“, Динамо сака да го доведе напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Халер. Станува збор за напаѓач од Брегот на Слоновата Коска кој во текот на кариерата беше платен дури 50 милиони евра при трансферот од Ајнтрахт во Вест Хем, а потоа и повеќе од 30 милиони евра од Ајакс во Дортмунд.
Пред неполна половина година играше во финалето на Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд против Реал Мадрид, а сега би можел да игра и на хрватска терен, доколку се реализира планот на Динамо.
Имено, Динамо сака да го донесе Халер на позајмица од Дортмунд веќе во јануарскиот преоден рок. Овој популарен фудбалер од Брегот на Слоновата Коска веќе оваа сезона ја мина на позајмица во Леганес, а Динамо сака да го стори истото во вториот дел од сезоната.
Договорот меѓу Халер и Дортмунд е со важност до 2026 година.
За жал, ракот на тестисите имаше огромно влијание врз кариерата на Халер, па фудбалот долго време беше во втор план. За среќа ја доби битката со ракот, се врати на терените и тргна од почеток. Иако во последно време не оди според планираното, Халер дефинитивно би бил едно од најголемите засилувања во историјата на Динамо и доколку „сините“ успеат да го вратат во форма, би добиле клучно засилување за напад на сите трофеи во кои се уште учествуваат.