Поврзи се со нас

Фудбал

Нова дестинација Шпанија: Бруно Фернандеш по десет месеци сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Во последно време немаше најдобра атмосфера во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, а сè започна по поразот на „Олд Трафорд“ од Тотенхем (1:6).

Англиските медиуми открија дека имало расправија во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ на полувремето на овој натпревар, и дека Бруно Фернандеш и Хари Мегваер биле во главните улоги.

Фернандеш дојде во Јунајтед од Спортинг на почетокот на годината и се покажа како вистинско засилување. Сепак, медиумите на Островот пишуваат дека тој е незадоволен од ситуацијата во Театарот за соништа и дека веќе размислува за заминување.

Наводно, Бруно Фернандеш е решен да го напушти Јунајтед во јануари доколку состојбата во клубот не се подобри. Тој веќе има неколку понуди, а во случај на негово заминување многумина веруваат дека тој ќе заврши во шпанската Ла Лига.

Интерес за овој португалски играч за врска покажаа Реал Мадрид и Барселона, кои внимателно ги следат настаните на „Олд Трафорд“. 26-годишниот фудбалер веќе постигна 12 гола во дресот на Јунајтед на сите натпревари и секако дека би бил огромен удар за овој клуб доколку ги напушти.

Сепак, јасно е дека Јунајтед е во голема криза и дека треба да се стори нешто итно затоа што Фернандеш нема да биде единствениот што ќе побара да го напушти клубот веќе во јануари.

Advertisement

Facebook

Реклама