Connect with us

Фудбал

Нова кардинална грешка: Што се случува со Кариус?

Германскиот голман Лорис Кариус беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност по грешките кои ги направи во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Тие денови Кариус поминуваше низ исклучително тежок период и беше соочен со бројни критики, а само што помисливме дека се поправил од шокот и продолжил понатаму – направи нова кардинална грешка.

На пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд, Кариус на самиот старт имаше едно очајно избивање, но сепак помина неказнето, затоа што противничкиот играч не успеа да погоди.

Било како било, потегот на Кариус кружи по социјалните мрежи, а често се споменува и Алисон, кој изгледа не е донесен туку така…