Connect with us

Други спортови

Нова победа за најдобрата тенисерка во 2017, Мугуруза 2-0 против Остапенко

Со денешните мечеви во „белата група“ почнаа возбудувањата на женскиот Мастерс турнир или ВТА финалето што се игра во Сингапур.

Каролина Плишкова ја победи Венус Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2 во гемови), додека Гарбине Мугуруза беше поуспешна од Јелена Остапенко со истиот резултат 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).

Утре се играат мечевите во „црвената група“ Симоне Халеп – Каролине Гарсија и Елина Свитолина – Каролине Возниацки.