Connect with us

Други спортови

Нова пресметка на Хамилтон и Верстапен: „Вози како насилник; За малку ќе го убиеше“

Британецот Луис Хамилтон минатата сезона остана без светската титула во Формула 1.

Во последната трка на неколку круга пред крајот, Хамилтон имаше се во свои раце и беше на чекор до победа, но на крајот се се сврте и титулата му припадна на Макс Верстапен.

За време на сезоната која беше една од највозбудливите во историјата на спортот, видовме неколку инциденти меѓу Хамилтон и Верстапен, а сето тоа можеби започна во Силверстон кога имаше контакт меѓу двајцата, Верстапен заврши во болница, а Хамилтон на прво место.

Еден член на Ред Бул тогаш рече: „Хамилтон за малку ќе го убиеше нашиот возач, мора да го извадат од трката“, што камерите го снимија.

Сепак, Луис Хамилтон има поинакво мислење.

„Верстапен често ја надминува границата додека вози. Се однесува како насилник. За него тоа е прашање на живот или смрт“, рекол Хамилтон, заклучувајќи:

„Попрво би направил судар отколку да дозволи претекнување. Тоа не е мој стил. Само се обидувам да ги победам на патеката, но да не загрозувам никого“.