Connect with us

Фудбал

Нова смрт на теренот: Фудбалер почина на својот роденден, лекарите 40 минути се обидуваа да го вратат во живот

Нова смрт на фудбалски терен се случи во Хрватска. Фудбалерот на нисколигашот ФК Нафта во текот на денот, кога во натпреварот против ФК Напријед се сруши на теренот.

Како што известуваат хрватските медиуми 32 – годишниот фудбалер само се срушил на теренот. Хрватскиот медиум 24sata.hr дојде и до изјава од навивач од трибината.

„Прво на помош дотрчаа судиите и неколку играчи. Повикана беше и брза помош, од каде рекоа да не го гибаат и да свртат на страна за да не се задуши со јазикот. Брзата помош стигна после 20 минути, почнаа со реанимација и за живото се бореа околу 40 минути. На жалост, фудбалерот почина пред навивачите“ стои во изјавата на девојката која беше присутна на натпреварот и која истакна и дека на фудбалерот требаше да слави роденден.