Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ: Оваа година беше фантастична за мене

Новак Ѓоковиќ не успеа своите одлични партии на завршниот турнир во Лондон да ги круниса со титула, односно на тој пат му застана одличниот Александер Зверев.

Меѓутоа без разлика на овој резултат, Ѓоковиќ е задоволен од тоа како се движеше оваа сезона со него или поточно од неговиот напредок, кам-бекот на големата сцена, освоените титули и враќањето на првата позиција на АТП листата.

-Прво сакам да му честитам на Саша и на неговиот тим. Денеска играше многу подобро, отколку во групната фаза. Оваа победа ја заслужи, ти посакувам се најдобро во иднина, рече Ѓоковиќ.

-Се надевам ќе играм уште доста години и ќе се гледам со вас навивачите. Би сакал да му честитам на мојот тим. Денеска не беше сјајно, ама ако севкупно погледнеме ова беше фантастична година и одличен кам-бек, дополни првиот светски рекет.