Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот

Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот.

По пауза од повеќе од два месеци, светскиот рекет број еден ќе се врати на тениските терени.

По 11-дневната драма што ја доживеа во Австралија од 5 до 16 јануари, Новак Ѓоковиќ беше депортиран и замина од Мелбурн во Дубаи, каде ќе игра на следниот турнир.

Станува збор за АТП турнир од серијата 500, а се е потврдено на Твитер профилот „Со Новак стоиме“. Ѓоковиќ веќе пет пати го освојуваше овој турнир.

Да потсетиме, Ѓоковиќ по враќањето најпрвин замина во Србија за Белград, а потоа дел од одморот го помина во Црна Гора.