Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ успешно опериран, еве колку ќе трае опоравувањето

Новак Ѓоковиќ е успешно опериран во клиника во Париз. Процедурата помина максимално без проблеми и закрепнувањето ќе трае три недели. Да потсетиме, тој се повлече од Ролан Гарос поради кинење на менискусот на десното колено.

Целиот спортски свет денеска погледна кон Париз, каде на Новак Ѓоковиќ му беше извршена артроскопија, каде беше утврдено дека кинењето не е од сериозен карактер и дека по операцијата може да се врати на тренинзите за три недели.

Шансите да игра на Вимблдон засега се мали, но не треба да се сомневате во силната волја и победничкиот менталитет на Ноле. Неговата главна цел засега е да биде подготвен за Олимпијадата која започнува на 26 јули.