Connect with us

Други спортови

Новак и Роже го одиграле најдобриот меч во 2018

Мечот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ о Швајцарецот Роже Федерер, во полуфиналето на мастерс турнирот во Париз е прогласен за најдобар во 2018 година, во изборот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП)

Мечот во француската престолнина се одигра на трети ноември, а српскиот играч во 47. меѓусебни дуели славеше против Швајцарецот со 7:6, 5:7, 7:6. Новак после победата против Федерер во финалето загуби од Русинот Карен Хачанов.

Вториот најдобар меч  во 2018 година е одигран од страна на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и Роже Федерер  во финалето на мастерсот во Индијан Велс – 6:4, 6:7, 7:6.