Connect with us

Фудбал

Новата „војна“ помеѓу Сити и Јунајтед веќе започна – „Црвените ѓаволи“ го направиа првиот контакт

Како што пишуваат француските медиуми, Манчестер Јунајтед веќе стапи во контакт со претставниците на младиот Танги Ндомбеле околу неговиот потенцијален трансфер.

Така Манчестер Јунајтед веќе на лето ќе се обиде да го донесе 22-годишниот играч од средниот ред на Лион во своите редови.

Инаку, станува збор за еден од најголемите потенцијали во европа, а овој млад фудбалер веќе одамна е предмет на интерес и за Манчестер Сити.

Јасно е дека Јунајтед ќе има силна конкуренција од Сити кога е во прашање „трката“ за потписот на Ндомбеле, но се шпекулира дека и Јувентус внимателно ги следи неговите настапи.

Наводно „Граѓаните“ уште минатото лето испратиа понуда за Ндомбеле, но таа не беше доволна за неговиот трансфер, додека Пеп Гвардиола го пофали младиот играч од средниот ред на овогодинешната средба на Сити и Лион во Лигата на шампионите.

Ндомбеле сениорската кариера ја започна во Аминс, а минатата сезона дојде на позајмица во Лион. За кратко време ги импресионираше челниците на Лион и неговиот договор беше откупен од Аминес.

Инаку Манчестер Јунајтед денеска во 13:30 гостува кај Фулам во 25. коло од Премиер лигата.