Connect with us

Фудбал

Нови детали за трансферот најавуваат пеколно лето: Нема да игра во Лигата на шампионите, но ги одби Сити

Манчестер Сити го официјализираше трансферот на Ерлинг Халанд.

Граѓаните сакаа уште повеќе да го засилат тимот, со цел конечно да ја освојат Лигата на шампионите, но ги дочека и првото одбивање.

 

Френки де Јонг го одби Манчестер Сити и реши кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, се деталите од трансферот кои вчера одекнаа во шпанските медиуми.

 

Трансферот на Де Јонг ќе чини меѓу 75 и 80 милиони евра. Барса реши да продаде бидејќи игрите на 24-годишниот фудбалер не се сјајни и се стравува дека неговата вредност ќе опадне во наредните години.

 

Така, холандскиот фудбалер по три години ќе го напушти Камп Ноу. Барселона нема да има загуби на него бидејќи го купи за 75 милиони евра од Ајакс.

 

По загубата на Де Јонг, Сити сега мора да се сврти кон нови играчи, а сигурно малку ќе ги боли тоа што Холанѓанецот го избра Јунајтед пред нив, особено што „црвените ѓаволи“ нема да играат во Лигата на шампионите, но многу сметаат дека новиот тренер на Јунајтед Ерик тен Хаг е причината за ваквата одлука на 24-годишниот играч од средниот ред.