Connect with us

Фудбал

Нови проблеми за Ливерпул – После Салах се повреди и Ван Дијк

Како што стојат работите, на Енфилд ќе добијат фобија од репрезентативната пауза затоа што редовно се некој од најдобрите фудбалери на Ливерпул да се вратат со некој проблем.

Така, после неколку денови откако дознавме дека Мохамед Салах се повреди играјќи за Египет, Јирген Клоп доби вест дека повреден е и Ван Дијк

Холандскиот стопер има полесна повреда на ребрата уште од дуелот со Саутемптон, но силна болка почувствува по завршувањето на средбата со Германија во која беше и стрелец во високата победа од 3:0.

Фудбалскиот сојуз на Холандија веќе се огласи со службено соопштение до јавноста во кое се наведува дека Ван Дијк нема да игра против Белгија, а останува да видиме дали одличниот стопер ќе биде подготвен за дуелот против Хедерсфилд наредната сабота.

Виргил ван Дијк е столб на одбраната на Ливерпул и оваа сезона настапуваше на сите натпревари на Редсите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.