Connect with us

Фудбал

Нови тестови и нови позитивни во Џенова: Ситуацијата е катастрофална

Дуелот од 3. коло во Серија А меѓу Џенова и Торино беше откажан поради големиот број позитиви на коронавирусот во таборот на Џенова.

Ситуацијата во овој клуб се повеќе излегува од контрола, а како што се повторуваат тестовите, така расте и бројот на позитивни.

Така, денес беа откриени уште тројца позитивни членови на овој клуб, од кои двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб.

Присуството на коронавирусот го потврдија Питер Брлек и Мише Зајц, како и еден од помошниците на шефот на стручниот штаб.

Во Џенова сега има вкупно 22 позитива, од кои дури 16 се фудбалери, а денес коронавирусот беше потврден кај двајца членови на Наполи, клубот со кој играше Џенова минатиот викенд.