Фудбал
Новинар сред интервју со Лионел Меси почна да плаче (ВИДЕО)
Лионел Меси (35) без никакво сомневање е еден од најважните фудбалери во историјата на овој спорт и со право го нарекуваат „Гоат“. Фудбалерот на ПСЖ со своите настапи ја пишува фудбалската историја, а по успехот со репрезентацијата стана идол и во Аргентина. Многумина го гледаат како наследник на Диего Марадона, но често критикуван по секоја лоша игра во репрезентативниот дрес.
Сепак, работите значително се подобрија со победата на Копа Америка, но навивачите ширум Аргентина веруваат дека „Богот на фудбалот“ ќе ја води земјата до светскиот трон во Катар.
Пабло Гираљ новинар на Directv Sports кој го интервјуираше Лео Меси и приреди емотивен момент. Во текот на дискусијата, новинарот бил толку воодушевен од интервјуто со Аргентинецот што почнал да плаче.
Agradecido con la vida de poder haber cumplido uno de mis máximos sueños.
Gracias Leo por tu calidez y sencillez.
Sos muy grande.
Y gracias a todos los que se emocionaron igual que yo y me acompañaron en este maravilloso viaje.
Te quiero, Leo!
❤️🙏🙌❤️ pic.twitter.com/Nd6tUsXkdD— Pablo Giralt (@giraltpablo) October 21, 2022
„Единствено што сакам за тебе е да бидеш среќен, да правиш добро во животот, го заслужуваш тоа. Толку ти се восхитувам, обожавател сум, цел живот сонував дека можам да го направам ова, но никогаш не помислив дека би имал среќа да бидам до тебе, да можам да те следам со моите коментари“, изјави расплаканата новинарка.
Ви благодарам од се срце“, вели Гираљ, а потоа доаѓа реакцијата на Меси која ги воодушеви сите.
„Ви благодарам, ме возбудува што можам да дојдам до луѓе како вас. Знам дека има многу луѓе во Аргентина и воопшто во светот кои отсекогаш ме следеле, ми се восхитувале, и во фудбалот и поради тоа што сум како личност. Благодарен сум за сета наклонетост што ја добив во текот на мојата кариера“.
Пабло Гираљ беше еден од аргентинските новинари кои ја „следеа“ кариерата на Лео Меси. Тој се наврати на својот прв натпревар за аргентинската репрезентација и оттогаш остана голем фан на играчот кој испиша историја.
По објавувањето на интервјуто во кое новинарот уште еднаш му се заблагодари на капитенот на националниот тим, тој на Твитер објави порака: „Благодарен за животот затоа што успеав да исполнам еден од моите најголеми соништа. Ти благодарам Лео на топлината и едноставноста. Вие сте исклучително одлични, порача новинарот.