Connect with us

Фудбал

Новинарот кој ја измислил аферата помеѓу Брозовиќ и Ванда му пришол на Хрват на суд и му кажал само три збора

Марсело Брозовиќ се најде во големи проблеми во 2019 година кога медиумите во Италија објавија дека имал љубовна врска со сопругата на неговиот соиграч Мауро Икарди.

Новинарот Фабрицио Корона прв ја објави веста дека Брозовиќ и Ванда Нара имаат љубовна врска и дека наводно подолго време се зборува во фудбалските кругови.

Но, на крајот и двајцата решиле да го тужат овој новинар за објавување лажни информации, а судењето започна пред еден месец кога Ванда сведочеше и сето тоа го негирала.

„По тој напис во кој беа кажани бројни невистини, Мауро беше принуден да го смени тимот. Интер му кажа дека треба да го смени агентот. На никого не му е јасно од каде дојде оваа лажна приказна. Никогаш не го имав телефонскиот број на Марсел Брозовиќ. Со нево воопшто не се ни дружевме“, изјави тогаш Ванда пред судот.

На судењето денеска се појави и играч од средниот ред на Интер, кој исто така негираше дека има врска со Ванда.

„Сето тоа е лага. Никогаш не сум бил во врска со г-ѓа Ванда. Го немав ни нејзиниот број. Цел свет ја слушна веста и имав многу проблеми со сопругата и семејството поради тоа“, рече Брозовиќ.

На обвинителна клупа беше и новинарот Корона кој по сведочењето на Брозовиќ му пријде на играчот на Интер и му се извини со зборовите: „Жал ми е“.