Connect with us

Фудбал

Новиот Пирло кажа „ДА“ на италијанскиот гигант

Како што пишува спортскот новинар Џанлука ди Марцио, кој важи да добро информиран кога се во прашање трансферите во Италија, младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали од следната сезона ќе игра во Интер. За него се заинтересирани сите големи италијански клубови, а има интерес и надвор од оваа земја, но сепак според овој новинар, тој го одбрал Интер.

Засега не  е позанта целата зделка, но освен пари Бреша најверојатно ќе до добие младиот напаѓач Пинамонти, кој во моментов настапува како позајмен од Интер во Џенова.

Тонали го споредуваат со Андреа Пирло, малку поради физичкиот изглед, малку поради начинот на кој игра на теренот.