Connect with us

Фудбал

Новиот приоритет на Барса: Оној, малиот од Валенсија кој вреди 100 милиони?!

Барселона има нов приоритет во летниот преоден рок, а тоа би можело да биде крилото на Валенсија. Феран Торес е на мета на каталонскиот тим.

Како што пишува „Мундо Депортиво“ Барселона е сериозно заинтересирана за 19-годишниот фудбалер, кој важи за еден од најталентираните во Шпанија. Новиот договор со Валенсија го потпиша во 2018-та година и не го обнови се уште. Договорот трае до 2021 година, а наводно има откупна клаузула од 100 милиони евра. Сепак, Барса има план да го донесе за помалку пари.

Непотпишувањето на нов договор сигурно ќе му ја намали цената, а Барселона планира на лето да понуди 35 милиони евра. Останува да се види каков одговор ќе добие од Валенсија.