Connect with us

Фудбал

Новиот трофеј на Порто за одличен почеток на сезоната

Играчите на Порто го освоија Супер Купот на Португалија, откако го совладаа Авес со 3:1..

Авес беше апсолутен аутсајдер на овој натпревар, но во 14. минута успеа да стигне во водство преку Клаудио Фалкао.

Порто се враќа веќе во 25-тата минута, кога Брахими по асистенција на Абубакар успеа да изедначи.

Очекувано, Порто остана доминантен, незагрозен во остатокот од натпреварот, а во Переира и Корона го доведоа до сигурно водство.

Во својата богатата историја, Порто освои 28 титули на шампионатот во Португалија, двапати беше шампион на Европа, а Супер Купот го освои 21 пати, од кои 10 од 2000 година.