Connect with us

Фудбал

Новото засилување пристигна во Мадрид, Реал во наредниве часа ке го официјализира трансферот

Според француските медиуми, левиот бек на Лион ги поминува лекарските прегледи и е се’ поблиску до потпис за Реал Мадрид.

23-годишниот Ферланд Менди, како што пишува „L’Equipe“, ги поминува лекарските прегледи во Мадрид и овој талентиран бек набрзо ќе биде и официјално претставен како ново засилување за „Кралевите“.

Прашање на време е кога Реал на официјалната страна ќе ја објави веста, а претходно во текот на денот беше објавено дека е потпишан договор со српскиот напаѓачот на Ајнтрахт Лука Јовиќ.

Новиот спортски директор на Лион после преговорите даде зелено светло за трансферот на Менди во Реал, а Лион од трансферот че заработи 50 милиони евра.

Играчот ќе потпише договор до 2025. година, како што тоа претходно го направи Јовиќ

Менди би требало во наредната сезона да го замени Марсело на позицијата лев бек. Со неговото доаѓање Реал не заврши со трансферите, се очекуваат уште поголеми засилувања, а точка на трансфер периодот би требало да биде доаѓањето на Еден Азар од Челзи.