Connect with us

Фудбал

Њукасл ја претстави новата „деветка“

Њукасл денеска официјално воведе уште едно засилување за новата сезона, која само што не започна.

Новиот член на Њукасл стана напаѓачот Саломон Рондон, кој пристигна на заем од ВБА. Во спротивна насока, отиде Двајт Гејл.

“Чест ми е што дојдов во Њукасл. Ова е голем клуб и јас сум среќен што ќе соработувам со Рафа Бенитез. Мислам дека Њукасл е еден од најголемите клубови во англискиот фудбал и не можам да дочекам да почнам да играм”, изјави напаѓачот од Венецуела.

Соломон Рондо е шестото засилување на Њукасл ова лето откако пристигнаа Мартин Дубрава, Кенеди, Ки Сунг-јуенга, Фабијан Шар и Јошиорија Мута.

Рондон (28) својата кариера ја започна во Арагуа, а во 2008 година дојде во Европа. Тој играше за Лас Палмас, Малага, Рубин, Зенит и Вест Бромвич Албион.